{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 47Вардар е вториот финалист на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски, откако во дуелот што одлучуваше која екипа ќе го освои првото место во групата, славеше против Целје со 31-27. Победникот беше решен кон финишот на првиот и почетокот на вториот дел, кога Вардар ја направи клучната предност. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Горига со пет, како и Крсманчиќ и Срдановиќ со по четири гола, додека голманите Еспиња и Гогов имаа солидни партии на „црвено-црниот“ гол. Во составот на Целје, Урош Миличевиќ даде девет гола. Утрешниот финален натпревар против „сино-белите“ од Автокоманда ќе се одигра со почеток во 20:00 часот, а претходно во борбата за третото место ќе се соочат Олимпијакос и Целје.