{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 18Ракометарите на Вардар со победа против домаќинот Охрид со 34-21 го стартуваа настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. „Црвено-црните“ го најавија победникот уште по првите триесетина минути, кога избраниците на Владо Недановски водеа со високи седум гола разлика, а во второто полувреме кога се измешаа поставите на теренот, немаше многу дилеми околу конечниот победник. Вардарци утре ќе имаат српски предизвик и ќе играат против тимот на Партизан од 18:45 часот, додека Охрид ќе има на мегдан уште еден поранешен европски шампион, Целје од 21:00 часот.