📷 ОХРИД 2024: Вардар не простува – оди по ново финале

Охрид 2024: Партизан – Вардар

Ракометарите на Вардар ја запишаа и втората победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако го совладаа српскиот вицепрвак Партизан со 32-26. Избраниците на Владо Недановски во првиот дел му дадоа до знаење на амбициозниот српски состав дека нема што да бара на овој натпревар и во вториот дел само рутински го одработија натпреварот. Сега на табелата Вардар има четири бода и мирно ќе го чека натпреварот против Целје, кој може да решава за првото место во групата и за пласман во финалниот натпревар на турнирот „Крсте Андоновски“. Ако играат во битката за трофејот, тоа ќе биде второ финале во седум дена за „црвено-црните“.