📷 ОХРИД 2024: Вардар ја зголеми колекцијата трофеи – уште едно славје покрај езерото

Охрид 2024: ФИНАЛЕ Алкалоид – Вардар

По минатото лето кога Вардар го освои турнирот во Струга, „црвено-црните“ додадоа уште еден трофеј во богатата колекција, овојпат од Охрид. По Партизан и Еурофарм Пелистер, и екипата на Вардар се запиша на листата на освојувачи на трофејот „Крсте Андоновски“. По овој меч, „црвено-црните“ во победничка атмосфера ќе го очекуваат стартот на новото првенство во Македонија и дербито на стартот во Автокоманда....