четврток, септември 5, 2024

📷 ОХРИД 2024: Пулените на Чирковиќ конечно заиграа како што знаат – ги чека интересна сезона во Србија

Охрид 2024: Партизан – Динамо

Тимот на Партизан го освои петтото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако го победи домашниот конкурент Динамо Панчево со 25-19 во интересен натпревар кој беше решен во последните петнаесетина минути. Избраниците на Чирковиќ по поразите од Вардар и Целје, како и ремито со Охрид, конечно одиграа како што знаат и со зголемена самодоверба ќе го очекуваат стартот на сезоната во Србија.