{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 78По два порази и едно реми, екипата на Охрид со победа го заврши настапот на 3. меѓународен турнир “Крсте Андоновски“ откако во меч за 7. место го победи Ловќен со 42-25 (22-15). Првпат една екипа на турнирот годинава постигнува повеќе од 40 гола. Младите, и оние од „втората постава“ на Охрид ги добија своите минути, и сакаа и успеаја да го убедат тренерот дека имаат квалитет. Охриѓани ги чека наста на уште еден турнир, оној меморијалниот во Прилеп во чест на Миле Нешкоски.