{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 32Грчкиот шампион Олимпијакос е на чекор до место во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во вториот натпревар од групната фаза ја доби пресметката со Динамо Панчево со 28-27. Во последните две минути Динамо намали на 27-28, а на 90 секунди до крај Лиапис не реализираше за предност од два гола. Во последната минута напад имаше Динамо, чиј тренер побара минута одмор за да ги посоветува играчите како да израмнат, и да се понадеваат барем на бод. Наместо да реализираат тие направија техничка грешка, па на Олимпијакос му остана да го организра последниот напад. Под закана за пасивна игра, и 12 секунди до крај, Олимпијакос ја задржа топката и победи со 28-27. Сега грчкиот тим има четири бода и во директен дуел со „сино-белите“ од Автокоманда ќе решаваат за патникот во финале, ако тимот на Лазаров го победи Ловќен.