{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 26Финалистот од минатата година на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, Олимпијакос славеше во првото коло против најтрофејниот црногорски клуб Ловќен со 37-22. Грчкиот шампион уште од стартот наметна силно темпо, кое младиот тим од Цетиње не можеше да го следи. Како одминуваше времето така предноста на Олимпијакос растеше до конечните 15 гола разлика. Според прикажаното, Олимпијакос е прв фаворит за победник на оваа група и ново финале.