📷 ОХРИД 2024: Охриѓани промовираа нов талент, 15-годишниот Николоски со деби гол!

Охриѓани ја запишаа првата победа на турнирот „Крсте Андоновски“, откако го совладаа Ловќен со 42-25, а тоа беше доволно за седмото место. Овој лесен натпревар беше шанса за стратегот Стевче Алушовски да им даде шанса на повеќето млади ракометари. Еден од нив беше и 15-годишниот Петар Николоски, кој го постигна првиот гол во сениорската екипа. Левиот бек беше во ростерот минатата сезона на еден од Куп натпреварите, но сега го постигна првиот гол, кој сигурно ќе го памети. Погледнете....