{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 11Денеска пристигнуваат дел од екипите учесници на третото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Први се „чекираа“ членовите на експедицијата на Динамо Панчево, а по нив пристигнаа ракометарите на Ловќен од Цетиње. Предводен од капитенот Мирко Радовиќ, подмладениот тим на Ловќен ќе се обиде да им помати сметките на фаворитите на турнирот. Најтрофејниот црногорски клуб ќе биде во група со Олимпијакос, Динамо Панчево и Алкалоид.