📷 ОХРИД 2024: „Гладијаторите“ ги чека многу работа – мозаикот допрва ќе се склопува

Охрид 2024: Охрид – Партизан

Домаќинот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, тимот на Охрид ќе игра за седмото место, откако ремизираше со Партизан, 27-27, па поради подобра гол-разлика, српскиот тим оди во битката за петтото место на турнирот. Најдобри стрелци во тимот на Охрид беа Тасески и Цирар со по седум погодоци, додека голманот Чаневски запиша десет интервенции. Во тимот на Партизан се истакнаа Пештиќ со седум и Анѓелковиќ со шест погодоци. Охриѓани ќе го имаат за ривал црногорскиот првак Ловќен во утрешниот натпревар од 10:30 часот.