{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 25




Македонија – Тунис


















































1
/ 25Како дел од подготовките за следните официјални натпревари од квалификациите за ЕП 2026 година, женската сениорска репрезентација на Македонија со победа 34-27 (15-12) над Тунис го отвори настапот на турнирот „Трофеј Македонија“ и се пријави како кандидат за освојување на првото место. Селекторот Кристијан Грчевски им даде шанса на сите, да види во која форма се. А сите покажаа борба, мотив и желба. Добија шанса, и задачи од селекторот, на моменти седморката изгледаше малку измешано, но целта беше да се види кој колку може. Иако без Саздовска, Маџовска, Ѓорѓиевска...кои заминаа во пензија, како и без стандардните Ристовска, Петковска, Мицевска....оваа „нова Македонија“ покажа дека има штоф. Следниот предизвик доаѓа повторно од Африка - утре од 20:30 часот се игра мечот со Египет.