📷 Магична ноќ во Битола – срце, борба и „зелено“ славје!
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ја запиша втората победа во оваа сезона во лигата на шампионите, откако славеше против унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед со 25-24 во драматичен натпревар. Сега битолчани имаат четири бода на табелата и ги задржаа шансите за пласман во осминафиналето на елитната конкуренција. Следен предизвик ќе биде гостувањето кај ПИК Сегед на 20 ноември.








