📷 Купот добива нов сопственик, Вардар запрен на првата препрека

Куп 2024: Алкалоид – Вардар

Ланскиот освојувач на Купот, тимот на Вардар, не успеа да се пласира во финалето на 31. издание од Купот на Македонија, откако во полуфиналниот дуел беше совладан од вицепрвакот со 25:24. Марко Срдановиќ во последната секунда од пенал имаше шанса да израмни и патникот во финалето да се одлучува на пенали, но голманот Галевски не дозволи да биде совладан. Во финалето тимот на Кире Лазаров ќе игра против Еурофарм Пелистер в недела од 19:00 часот.