{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 12




Еурофарм Пелистер 2 – Драчево
























1
/ 12Битола следната сезона повторно ќе има две суперлигашки ракометни екипи, откако Еурофарм Пелистер 2 „експресно“ се врати меѓу елитата. На три кола до крај на првенството во Прва лига, тимот предводен од Александар Зарков со 15 триумф по ред во плејофот има недостижна предност во однос на вториот тим од Автокоманда. Еурофарм Пелистер 2 го победи Драчево со 46-25 (23-10) во 15 коло и има 30 бода, и меч помалку во однос на најблискиот конкурент. Останува да одиграат уште три натпревари, но веќе го слават враќањето во Супер лигата. Генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски, им ги додели медалите и пехарот на битолчани за првото место во прволигашката конкуренција, а пехарот го подигна капитенот Стефан Дрогришки... Фото: Дамјана Ристевска