📷 Кадетите го скршија мразот на ЕП, сега ќе биде полесно

Македонија – Украина, ЕП кадети

Машката кадетска репрезентација на Македонија со триумф над Украина со 26-21 го стартуваше разигрувањето за пласман од 17 до 24 место, односно за опстанок на Европското првенство. Клучната разлика избраниците на Наум Танески ја направија на стартот на вториот дел, кога предводени од голманот Николовски, како и дуото Ристевски и Митев, направија залиха од пет гола, која до крајот не беше загрозена од страна на Украинците. Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Самоил Ристевски со осум гола, а Теодор Пецаноски и Дамјан Митев реализираа по пет пати, додека голманот Ѓорѓи Николовски запиша 13 интервенции. Кај Украина, по шест гола имаа Павловскиј и Оскилко. За кадетите утре од 14:30 часот следува дуел против јужниот сосед во „Верде“, додека по ден пауза, на 15 август, нашите ракометари ќе се соочат на пладне со Италија, во последниот натпревар од групата Л. Фото: Мario Matkovic