{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 49Селекцијата на Франција е првиот финалист на Европското првенство во Германија, откако славеше против се уште актуелниот првак Шведска со 34-30. Французите имаа плус седум во првиот дел, Шведска се врати во игра, во финишот на мечот водеше и со плус два, но грешката на Готфридсон и шутот на Пранди во последната секунда од слободен удар го однесоа овој меч во продолженија. Таму уште по две минути Франција се одлепи на плус три, и до крајот успешно ја задржа разликата. Овој натпревар го судеа македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.