📷 Еурофарм Пелистер со четири од четири, времето работи за Бутел Скопје

Бутел – Еурофарм Пелистер

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер остана на максимум во суперлигашкиот плеј-оф по четири кола, откако славеше на гостински терен кај Бутел Скопје со 34-22. Победата може да биде скапо платена поради повредата на Цветан Кузманоски, но нејзината природа и евентуалната пауза допрва ќе се утврдат. Бутелци пружија отпор особено во првото полувреме, но времето работи за нивниот млад тим предводен од Горан Кузманоски. Битолчани во следната рунда ќе го пречекаат Вардар на домашен терен, додека Бутел Скопје ќе му гостува на тимот на Кирил Лазаров...