{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 63Македонските „лавици“ налетаа на „истренирани антилопи“ кои искусно им ја скија топката, и од Скопје заминаа со уште еден триумф, сега со 37-18. Шпански Елче ќе игра во полуфиналето на Европскиот Куп, и најави негово освојување, а ѓорчепетровки за три сезони повторно напредуваат во Европа, искачувајќи уште едно скалило нагоре. Имаа што да научат ракометарките на Ѓорче Петров од овој двомеч: за борбеноста, истрајноста, физчката подготвеност, тимскиот дух и победничкиот менталитет. Нема откажување до крај, и полнење на ривалската мрежа се додека се може. Секој меч е ново искуство, а од ова Македонките треба да излезат ем побогати за два силни натпревари, ем поискусни и секао помотивирани за докажување.