{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 45Екипата на Ѓорче Петров го освои трофејот на 31. издание во Купот на Македонија кај дамите и конечно успеа да дојде до двојна круна. Ова беше 17 титула за тимот на Ѓорче Петров во ова натпреварување. Ѓорчепетровки во финалето на Ф4 турнирот од Купот против Чаир со одличната игра во вториот дел дојдоа до убедлива победа од 36:24. Најефикасна во победничката екипа беше Анастасија Николовска со седум погодоци, шест постигна Емилијана Ризоска, пет додаде Ана Марија Коларовска. Кај Чаир прв стрелец беше Бојана Диневска со седум погодоци, а ја следеше Леонора Рахмани со пет реализации.