четврток, септември 25, 2025

📷 Чекор назад за пелистерци во ЛШ, но уште 13 битки се пред нив

Галерија Еурофарм Пелистер – ГОГ

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби вторпат во Лигата на шампионите, откако во Битола беше поразен од данскиот ГОГ Гудме со 31-28. Иако битолчани имаа плус пет во првото полувреме дозволија ривалот да израмни до паузата на 14-14, а лошиот старт на вториот дел беше доволен данскиот состав да направи залиха од три до четири гола, која умешно ја чуваше до крајот, а македонскиот тим само еднаш успеа да намали на минус еден и мораше да се помири со пораз. Следен меч во Лигата на шампионите е против Висла Плоцк на 8 октомври.