{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 29Екипата на Чаир се избори за финале во Купот на Македонија, откако во полуфиналето успеа да го надигра ланскиот финалист, тимот на Вардар, со 32:28 и за Куп трофејот ќе се бори против Ѓорче Петров. Леонора Рахмани со осум погодоци беше предводник во победничката екипа, а ја следеше Амела Џакмиќ со шест реализации. Кај Вардар прв стрелец беше Симона Василева со седум погодоци. Ривал на Чаир во финалето ќе биде тимот на Ѓорче Петров, кој во вчерашниот полуфинален дуел немаше големи проблеми против Куманово. Женското финале од Купот, исто како и машкото, ќе се одигра в недела (19 мај) со почеток од 16:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.