📷 Африкански шок како опомена – во битката за трофеј сега Македонија зависи од други

Македонија – Египет

Со гол од пенал на девет секунди до крај Египет триумфираше против Македонија 19-18 (10-10) со што го направи турнирот Македонија интересен до последните мечеви утре. Сега и на Египет му се отвори шанса да биде победник бидејќи има два бода, а утре игра против Тунис. Македонија исто така има два бода, а Грција е лидер со три бода. Во финишот се влезе со реми, 18-18, но не искористивме две прилики за победнички гол и казната стигна со гол од пенал, па сега останува да се надеваме на пораз на Египет и потоа со победа над Грција да бидеме први на „Трофеј Македонија“.