🎥 Згрмна „Денес над Македонија“ од 7.000 грла
Машката репрезентација на Македонија го игра третиот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026. Трет ривал на Македонија е репрезентацијата на Словенија, која во Скопје допатува без многу звучни имиња. Македонската химна одекна во СЦ „Борис Трајковски“ од околу 7.000 грла и публиката уште од стартот направи атмосфеера која треба да им помогне на ракометарите во обидот да дојдат до трет триумф.