Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер покажа моќ на домашен терен против Алкалоид, триумфираше со двоцифрена предност од 33:20 и ја презеде лидерската позиција на табелата. Пелистерци на денешниот натпревар имаа голема поддршка од трибините во спортската сала „Боро Чурлевски“ која уште пред два дена беше целосно распродадена. Битолчани уживаа во одличната игра на своите миленици, а по завршниот натпревар пелистерци и навивачите заедно го прославија убедливиот триумф.