Женската сениорска репрезентација на Македонија ги одработува последните подготовки за утрешниот натпревар против Турција во рамки од 2. коло од Европското првенство 2024. По воведниот убедлив пораз од Шведска, избраничките на Кристијан Грчевски ќе мора да победат против Турција доколку посакуваат трето место во групата. Интернационалката Ивана Арсениевска смета дека Турција не треба да се потцени, истакнувајќи дека на првиот натпревар, против Унгарија, дел од турските репрезентативките одиграле на добро ниво. Целосната изјава на Арсениевска погледнете ја на видеото во продолжение.