🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ
Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи правдата на финалето во Лигата на шампионите во машка конкуренција да ја дели најдобрата судиска двојка од Македонија - Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Во финалето на Ф4 турнирот во Келн играа Барселона и Алборг, титулата, ја освои каталонскиот гигант, а од европската ракометна куќа објавија специјално видео со целата комуникација меѓу македонските судии. На видеото во продолжение погледнете како Николов и Начевски го водеа годинешното финале од европската елита...