🎥 Судбината на еден голман: Од херој до трагичар за неколку секунди!
На меч од руската Втора лига меѓу Ростов Дон и МССУР беше досуден пенал за домашниот тим по истекот на времето, при резултат 33-33. Голманот на Ростов одбрани, но додека тој и сите негови соиграчи славеа, топката се дотркала во мрежата и наместо реми, гостите ја однесоа победата. Ете таква е судбината на голманите - од херој до трагичар за неколку секунди. Погледнете...