🎥 Селекторот на Романија нападна играч!
На дуелот од романскиот шампионат меѓу Васлуи и Темишвар, кој заврши со победа на домашниот тим, 28-27, се случи инцидент во кој беше инволвиран тренерот на Темишвар, истовремено и романски селектор Георге Буричеа. Тој за време на мечот го нападна својот играч Зоран Николиќ, што предизвика бурни реакции на клупата. Арбитрите и доделија на клупата исклучување поради инцидентот, а Романската ракометна федерација веднаш го проследи случајот до Дисциплинската комисија. По натпреварот, Буричеа ја објасни својата страна на приказната за „ГСП“ „Му реков да седне за да не добиеме исклучување, но тој нешто прокоментира. Го поттурнав за да седне, но ми рекоа дека не смеам да го допирам. Не беше удар, туку туркање во градите. Сите стоеја, а нè предупредија дека има премногу луѓе на нозе. На крајот сепак добивме исклучување.“ Тренерот додаде дека не станува збор за физички напад, туку за емотивна реакција во жарот на натпреварот. „Сите сакавме да победиме. Играчот беше вознемирен, а јас само му кажав да седне. По натпреварот ми се извини. Признавам, можев да реагирам посмирено, но кога играчот трипати не те слуша – може да дојде до ваков момент“, изјави Буричеа.