🎥 Потег за почит: Лазаревски на раце го изнесе повредениот противник од теренот!

Македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски ја покажа својата големина со еден спортски потег на мечот против германскиот Мелсунген. При еден напад на домашниот тим, во дуел со пивотот на Вардар, самиот се повреди средниот бек Мохамед Дармул. Лазаревски на раце го изнесе противничкиот ракометар од теренот, кој очигледно заработи посериозна повреда на мускулот. Потег за почит на „мечка“. Погледнете....