🎥 Охриѓани ги „тестираа“ странците – колку знаат за градот, езерото, храната…
Колку странските ракометари кои настапуваат за тимот на Охрид го познаваат градот чии бои ги носат. Дали Охридското Езеро е старо неколку илјади или неколку милиони години, што има на врвот на стариот град, кое им е омилено македонско јадење... ? Интересни одговори на овие и неколку други „тешки“ прашања даваат јапонскиот самурај Хироки Мацуока, хрватскиот интернационалец Рудолф Сафранко, грузискиот бомбардер Теимураз Орјоникидзе и бразилското засилување Де Соуза Мораис Каио Винисиус.