🎥 Ни двајца голмани немаше да одбранат – „бомба“ на Мараш од 11 метри во чешката мрежа ❗

Хрватска славеше на гости кај Чешка со 35-29, иако во првиот дел имаше и негатива, но голот пред паузата на Матео Мараш за реми, 18-18, беше почетокот на моќното издание во вториот дел кога комплетно беше надигран домаќинот. На пет секунди до крајот на полувремето, Сигурдсон побара тајм-аут, беше договорена акција, а некогашниот пелистерец упати „бомба“ во голот на Чешка, а овој удар сигурно немаше да го одбранат ниту двајца голмани како Мрква. Погледнете....