🎥 На повидок нов проблем за Вардар – и Маргели се пожали на повреда!

Покрај поразот од Мелсунген, Вардар на мечот во Вардар можеби го загуби и десниот бек Ашраф Маргели. Тој имаше судир колено во колено со Шпанецот Баруфет при една борба за топка и не го доврши натпреварот. Тунискиот десен бек се пожали на болка во левото колено, а теренот го напушти кривејќи со болна гримаса и со помош на Лазаревски и Георгиевски. Ако се работи за нешто сериозно, тогаш Вардар ќе биде во големи проблеми, бидејќи повреден е Јагуриновски, а повредени се и двете десни крила Мигел Пинто и Ален Ќосевски. За ниту еден не е познато кога ќе се вратат на терените, па ако повредата на Маргели го оддалечи од теренот, тогаш Владо Недановски ќе остане само со Кристијан Стаменковиќ и Гоце Георгиевски.