🎥 Митревски со „сто раце“ – ја има втората најдобра одбрана во ЛШ!

Еурофарм Пелистер ја запиша својата втора победа во Лигата на шампионите, совладувајќи го ПИК Сегед на домашен терен со 25-24. Меѓу најдобрите поединци беше и голманот Никола Митревски, а една од неговите одбрани се најде во ТОП 5 во изборот на ЕХФ ТВ. Станува збор за одбранетиот зицер при водството на пелистерци со 5-1, кога македонскиот чувар на мрежата ги запре гостите. Погледнете...