🎥 Митревски со „сто раце“ – има ТОП 5 одбрана на колото во ЛШ!

Иако Еурофарм Пелистер беше поразен од Барселона со 30-34 во натпревар од петтото коло на Лигата на шампионите, тимот од Битола има причина за гордост во индивидуалните настапи.

Двајцата македонски репрезентативци, Никола Митревски и Дејан Манасков, беа дел од најубавите моменти во ова коло на елитното натпреварување.

Во финишот на натпреварот во Битола, Митревски со долго додавање ја започна акцијата што заврши со спектакуларен цепелин и прецизен погодок на Манасков — гол што ЕХФ го прогласи за најатрактивен во петтото коло.

Дополнително, Никола Митревски се најде и на листата со најдобри одбрани на колото, благодарение на интервенцијата во 48. минута кога му одбрани зицер на Баруфет од крилна позиција.

Во изборот покрај Митревски се најдоа и Биоска (Нант), Хернандез (Магдебург), Али (Спортинг) и Тулин (ПИК Сегед).