🎥 Мело доби незгоден удар – се струполи покрај клупата на Вардар!

Вардар славеше над Тиквеш со 32-23 во 9 коло од суперлигашката конкуренција, а при крајот на мечот го загуби Нилтон Мело. При еден напад на Тиквеш, Мело незгодна падна на главата, потоа можеби несакајќи беше „закачен“ од Анастасовски кој погоди во голот на Вардар. Мело се враќаше кон клупата на Вардар и се струполи, па сите дотрчаа напомош. Лекарската интервенција траеше неколку минути, Мело потоа не влегуваше во игра, а дополнително ќе биде познато дали се работи за нешто посериозно....