🎥 Лесјак: Пресуди нашиот квалитет, но не чекаат уште многу тешки натпревари
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер имаше триумфален старт на суперлигашкиот плеј-офот, откако славеше над големиот ривал Вардар со 27-21. Меѓу најзаслужните поединци за трите бода е словенечкиот голман Урбан Лесјак, кој влезе во вториот дел во моментите кога се кршеше резултатот и забележа неколку важни одбрани. Тој вели дека ништо не е готово, и дека пелистерци ги очекуваат уште многу вакви тешки натпревари до одбраната на титулата. Целосната изјава на Лесјак погледнете ја во видео прилогот....