🎥 „Лалињата“ избегаа од македонските навивачи, Олсон провоцираше!
Македонија загуби од Холандија со 37-32 во второто коло од Светското првенство, а ракометарите и навивачите не беа задоволни од арбитражата. Иако вината за поразот треба да се бара и во нашите редови поради техничките грешки, сепак судиите исто така имаа влијание со нивните одлуки. По крајот на мечот, публиката своето незадоволство го изрази преку фрлање на предмети на теренот, Холанѓаните веднаш избегаа и се повлекоа во соблекувалната што не беше фер-плеј потег. На излегувањето од теренот, провокација кон македонските навивачи упати и селекторот Штафан Олсон...