🎥 „Ладен како шприцер“ – еве го победничкиот гол на Субашевски за македонско славје

Младинците на Македонија ја совладаа Франција со 30-29 во натпреварот за 9 место на Европското првенство во Словенија. Иван Галевски со одбранетиот пенал спречи продолженија, а претходно победничкиот гол беше дело на левото крило Дамјан Субашевски. Тој беше сигурен во реализацијата во одлучувачкиот момент, и ги спроведе на дело насоките на Стојановиќ и Ангеловски. Погледнете... Фото: Slavko Kolar/RZS