🎥 Ќе го освојува Јутјуб: Играше за Еурофарм Пелистер, сега има подкаст во Словенија

Некогашниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Анже Ратајец, ја заврши играчката кариера и влезе во други води. Тој заедно со новинарот Лојзе Грчман ќе имаат свој подкаст во Словенија со име „Ролинг“ во кој ќе има ракометни гости и теми. Ратајец по заминувањето од Битола одигра три сезони во австрискиот тим Фуксе, пред да прекине со ракометот. Претходно играше за Горење и Тримо. Погледнете ја најавата за „Ролинг“, а гостин во првата епизода ќе биде актуелниот словенечки селектор и тренер на Тримо, Урош Зорман.