🎥 Карачиќ: Горд сум на тоа како се боревме против Франција

 

Репрезентацијата на Хрватска го доживеа првиот пораз на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија, откако загуби од Франција со 34:32 во натпревар од првото коло од главната фаза. Екс ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ, по загубената битка со актуелниот олимписки првак за 24Ракомет ТВ го коментираше поразот од Франција и истакна дека е задоволен од прикажаната игра на теренот. Целосната изјава на Карачиќ погледнете ја во видео прилогот...