🎥 Како вчера да беше…„Чкембари“ слават 40 години постоење

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во моментов играат против данскиот ГОГ Гудме во рамките на третото коло од Лигата на шампионите. Атмосферата во Битола е на највисоко ниво, а битолските навивачи „Чкембари“ прославуваат 40 години од формирањето на групата. Во пресрет на новиот европски предизвик, на битолските улици веќе ја кренаа атмосферата пред дуелот од ЛШ, а на стартот на мечот истакнаа транспарент на кој стоеше пораката - Како вчера да беше....