🎥 Ива Младеновска со деби гол за Безансон
Македонската репрезентативка Ива Младеновска го запиша првиот погодок во дресот на францускиот Безансон. Во поразот на нејзиниот нов клуб на гостински терен кај составот на Париз со 28-26, десниот бек доби минутажа и постигна еден гол од еден обид. Младеновска до крајот на оваа сезона ќе настапува за Безансон како позајмена ракометарка од Брест Бретањ.