🎥 Илиќ со „сто раце“ - има ТОП 5 одбрана на колото! - 24 РАКОМЕТ

🎥 Илиќ со „сто раце“ – има ТОП 5 одбрана на колото!

Женската репрезентација на Македонија загуби кај Словенија во последното коло од квалификациите, но и покрај тоа се пласираше на Европското првенство. Голманката Андреа Илиќ беше најсветлата точка во македонскиот состав, завршувајќи го натпреварот со 14 одбрани. Една од нејзините интервенции се најде и во изборот на ТОП 5 одбрани на колото од евро-квалификациите.