🎥 И на најдобрите им се случува: Нилсен прими гол од 15 метри!

Барса го совлада ПИК Сегед со 31-30, иако во текот на мечот водеше и со осум гола разлика. Последниот погодок на гостинскиот тим беше дело на Ричард Бодо, кој успеа да го совлада Емил Нилсен во последната секунда од натпреварот. Иако Данецот важи за еден од најдобрите голмани во светот, сепак и на најдобрите може да им се случи да примат гол од петнаесетина метри. Погледнете....