🎥 Хаос на дербито: Судиите го признаа, па го поништија – еве го голот што предизвика полемики
Данска го доби дуелот на титаните против Шведска со 28-27, но последната минута беше хаотична. Данците беа во напад, кој беше пасивен, судиите од Чешка, Хорачек и Новотни, им дозволија едно повеќе од дозволените додавања на данските ракометари, топката дојде до Ландин, кој погоди во голот на Паличка. Швеѓаните веднаш почнаа да протестираат, судиите решија да гледаат ВАР и ја поништија својата одлука, па голот не беше признат, а времето беше вратено во моментот кога Ландин го постигна голот. Останаа 17 секунди за последен напад на Шведска. Тие преку Бергендел дадоа гол, но и тој беше поништен поради престап од друг шведски ракометар и мечот заврши со триумф на светскиот првак. Погледнете....