🎥 Готфридсон им продаде вистинска ракометна „магија“ на Португалците!

Шведска стигна до многу важен триумф против Португалија, со кој стигна на чекор до полуфиналето на ЕП во Германија. Еден од најдобрите на теренот како и секогаш беше Џим Готфидсон кој имаше стопроцентна реализација на 4 голови од 4 обиди. Еден од тие погодоци беше вистинска ракометна магија , гол кој секако ќе влезе во изборот за еден од најдобрите голови на ЕХФ ЕУРО. Голот на Готфридсон погледнете го во продолжение.