🎥 Гидсел му скрши три заба на Кадах!
На мечот меѓу полскиот Келце и германскиот Фуксе Берлин, египетскиот репрезентативец Хасан Кадах остана без три заба. Во еден напад на гостите, Матијас Гидсел при еден продор го закачи со лактот Кадах, а високиот Египќанец падна на паркетот и мораше да ги собира трите скршени заба. Сепак тој потоа го продолжи мечот, но во следните денови посети стоматолог, па Келце се пофали дека сега одново е „стариот“ Кадах....