🎥 Георгиевски со јаготка на шлагот во победата во Германија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Гоце Георгиевски стави „јаготка“ на шлагот на триумфот во Германија кај Мелсунген 34-25. Го постигна последниот гол, атрактивен од мртов агол, со убава „вртенка“ за која германската одбрана немаше одговор. Вардар директно оди во четвртфиналето на Лига Европа, ќе ги прескокне осминафиналните мечеви и ќе има повеќе време за подготвување за напад на Ф4 турнирот во Хамбруг на крајот на мај.