🎥 Денот кога Битола славеше, а Широк сокак еруптираше!
Ноќта во Битола ќе биде долга. Пелистерци ќе ја слават втората титула по ред или осма вкупно. Втора сезона по ред најдобар тим во машката Супер лига е Еурофарм Пелистер. Со триумфот над тимот од Автокоманда, 32-28, битолчани го одбранија тронот и вторпат по ред, односно осми пат се шампиони на Македонија. Само две недели откако не го освоија трофејот во Купот на Македонија, пелистерци се вратија на победите, ги победија Струга и „сино-белите“ од Автокоманда, останаа на македонскиот трон и ги израдуваа „Чкембари“....ЕВе како по мечот се славеше низ Битола. Погледнете...